Таљатели со пилешко и печурки во сос
Овааа е нешто што е must try. Брзо, лесно и готово за не цели 20 минути. Посебно љубителите на тестенини верувам ова мнооогу ќе ви се допадне. Јас лично ги обожавам комбинациите на паста со пилешко и сосче, а плус печуркии врввв.

Пилешкото исечете го на мали парчиња и ставете го во тава на малку масло и пропржете го. Додадете зачини по вкус и кога ќе е при крај пилешкото, додадете ги печурките, па додадете 2-3 лажици јогурт или павлака, па пржете дури не испари.
Јогуртот или павлаката ќе го омекнат месото уште повеќе и е пре пре вкусноо. Тргнете го месото од тавата и ставете 2 лажици масло/путер и 2 лажици брашно, па постепено со постојано мешање додавајте по малку 2 шолји млеко. Оставете го сосот малку да повари и додадете го месото со печурките и претходно сварените тестенини.

Јас користев таљатели, но вие можете и макарони, шпагети или пене. Наместо бешамел, може да ставите само неутрална павлака.
Целиот рецепт и слики од истиот проследете го на официјалниот Instagram профил на Мартина » MartinaCooking



