Еден од петте денешни натпревари во КХЛ го одиграа Јокерит и Сочи.
Двете екипи пружија изедначена борба во првите две третини, но во третата, фаворитот дојде до победата.
Имено, Јокерит триумфираше со 3-0 и го запиша првиот ,,шут-аут” после 9 септември, кога го победи Нефтехимик од Нижњекамск со 6-0.
Сите три погодоци паднаа во третиот период, а стрелци беа Алекс Грант, Јон Норман и Петер Регин.
Со овој триумф, Финците влегоа во плејоф-зоната, додека Сочи останува на претпоследното место на Западот.



