Веќе втор викенд по ред, возачите од Мото 2 категоријата се тркаа на патеката ,,Рикардо Тормо”, но наместо за големата награда на Теруел, се бореа за големата награда на Валенсија.
Сè до завршницата, трката течеше со мирно темпо и со неколку возбудувања.
Сепак, во последниот круг, Фабио Ди Џанантонио излета додека беше првопласиран и ја наговести завршната драма.
До последниот свијок, за победа се бореа тројца возачи – во минимални разлики, до победата дојде Хорхе Мартин, а подиумот го комплетираа Хектор Гарзо и Марко Беѕеки.
Марсел Шротер, Лука Марини и Енеа Бастијанини следуваа по нив, а второпласираниот во вкупниот поредок, Сем Лоус, заврши на четиринаесеттото место.
Наредната трка што воедно ќе биде последна во оваа сезона, ќе се вози во Португалија, а за титулата ќе се борат дури четири мотоциклисти: Бастијанини (194 поени), Лоус (180 поени), Марини (176 поени) и Беѕеки (171 поен).



