ЖРК Металург 21:22 (13:11) ЖРК Стружанка
Гостинките од Струга стигнаа до голема победа во Автокоманда иако губеа и со пет разлика во 45.минута. Најефикасни стрелци во победничкиот тим беа Натали Јоноска со 8 и Теодора Дукоска со 6 погодоци, додека на голот одлична беше Марина Митоска. Во Металург се истакнаа Тасевска со 6 и Петковска со 5 гола. Победата има уште поголемо значење бидејќи во тимот фалеа неколку клучни ракометарки на Стружанка, Магдалена Делиоска, Теодора Маркоска, Радмила Јовичанац и Тијана Переска, додека тимот на Металург беше во својот најсилен состав.
Комплетен записник од натпреварот: