Последниот натпревар од 37. коло од англискиот Чемпионшип го одиграа Дерби и Блекбурн. „Овните“ победија со 3-0 благодарение на головите на Луј Шибли (26′) и Крис Мартин (41′ и 85′ од пенал). За Луј Шибли ова беше прв погодок во сениорскиот тим на Дерби. Во 92. минута, Блекбурн остана со играч помалку откако Џин Бакли доби директен црвен картон. Ова беше прва победа за Дерби над Блекбурн уште од 24 февруари 2016 кога славеа со 1-0. Во последните четири натпревари, Блекбурн немаше примено гол од Дерби – последен играч што ја затресе мрежата на Блекбурн во пресрет на овој натпревар беше Матеј Видра на 24 септември 2016 кога Дерби загуби со 1-2.
Со оваа победа, избраниците на Филип Коку се искачија на дванаесеттото место на табелата со само пет поени заостаток во однос на позициите што водат во плејоф. Блекбурн се наоѓа две позиции погоре со два поени предност.



