Меморијалниот турнир „Арнолд Палмер“ е еден од турнирите кои се во склоп на ПГА Тур и се оддржува секоја година во Флорида.
Оваа година, наградниот фонд изнесуваше 9,3 милиони долари, а турнирот се оддржуваше од 5 до 8 март.
До победата стигна Англичанецот Тајрел Хатон (-4) кој беше дури петтопласиран голфер после првиот ден. Сепак, благодарение на својата константна игра и на неконзистентноста на противниците, во вториот ден го презема водството и остана таму сè до самиот крај. За Хатон, ова е прва победа на ПГА Тур, На втората позиција заврши победникот од 2017 – Марк Леишман (-3). На третото место беше Кореецот Сунгјае Им (-2) кој пред само една седмица го освои престижниот турнир „Хонда Класик“. Со резултат од (-1), Брајсон ДеШамбо беше најдобро пласираниот Американец на четвртото место. Петтата позиција со (0) ја поделија Џоел Дамен, Дени Ли, Рори МекИлрој и Кит Митчел. После првите два дена, неколку фаворити беа „отсечени“ од продолжението на натпреварот заради слабите резултати меѓу кои спаѓаа Ли Вествуд, Расел Нокс, Тони Финау, Фил Микелсон, Џастин Роуз и Томи Флитвуд.
Минатата година, на „Арнолд Палмер“ славеше Италијанецот Франческо Молинари.



