Македонскиот голман Градимир Чаневски славеше во шампионатот на Израел на последниот натпревар со неговиот Макаби Ришон Ле Зион против Рамат Хашарон со 32-30 и се пласира во финалето со вкупни 3-1 во победи во полуфиналето. Чаневски бранеше фантастично и со 14 одбрани беше најдобриот поединец на теренот.
Финалната серија стартува на 24 мај, а противник ќе биде тимот на Хапоел Ашдод. Чаневски со победата во полуфиналето стана петтиот македонец кој има шанса за титула во најсилните шампионати на Европа.