Во тек се последните натпревари од сите ракометни првенства ширум Европа. Македонија нема премногу ракометни интернационалци, а од неколкуте кои играат во моментов дури четворица од нив сеуште имаат шанси за шампионска титула во најсилните шампионати во своите земји.
Никола Митревски капитенот на репрезентацијата на Македонија со неговиот Порто на три кола до крајот е лидер во Португалија и е со големи шанси да ја освои шампионската титула.
Никола Костески и неговиот Плзен во Чешка губат во финалето против Карвина со 2:1 во плеј-офот кој се игра до три победи.
Влатко Темелков во шампионатот на Луксембург со неговиот Каерјенг во последното коло во директен дуел против лидерот Еж ќе одлучуваат за својата судбина.
Дарио Петровски во финалната серија во Италија губи со неговиот Јуниор Фасано со 1:0, а наредниот натпревар од серијата се игра на 18 мај.