Чуварот на мрежата Бојан Блажески го продолжи договорот со Бутел Скопје за уште две сезони. Блажески е во клубот е долго време, а за следната сезона посакува уште подобри резултати.
Од самото постоење на клубот го носам дресот на Бутел. Оваа година ми беше доверена позначајна улога во екипата за разлика од претходните години и мислам дека ја оправдав. Меѓутоа одиме понатаму желен сум за подобар успех, подобра сезона од оваа и на индивидуално и клупско ниво, – изјави Блажески по потпишувањето на новиот договор