ЖРК Чаир продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона.
Клубот официјално ги претстави новите имиња кои ќе го носат дресот на ЖРК Чаир. На тимот му се приклучуваат Росана Павлова, Михаела Кралева, Нура Махмуд, Михаела Велјаноска и Стефани Ристиќ.
Станува збор за ракометарки кои со своето искуство, квалитет и професионален пристап треба да донесат дополнителна стабилност и конкуренција во составот на Чаир. Од клубот изразуваат уверување дека новите засилувања брзо ќе се вклопат во тимот и ќе придонесат во остварувањето на амбициите за претстојната сезона.




