Уште 6 дена до затворање на пријавите за „Биди Своја“ – Битола повторно ќе трча во знакот на женската сила.
Битола се подготвува за едно од најинспиративните спортско-рекреативни случувања ова лето – Женската ноќна трка „Биди Своја“, настан кој секоја година обединува стотици жени во прослава на спортот, здравиот живот и самодовербата.
Организаторите потсетуваат дека остануваат уште само 6 дена до затворањето на пријавите, а интересот за учество е голем. Сите кои сакаат да бидат дел од оваа уникатна вечер исполнета со позитивна енергија, насмевки и незаборавна атмосфера, треба навреме да го обезбедат своето место на стартната линија.
„Биди Своја“ не е само трка. Таа е порака. Порака за храброст, истрајност и верба во сопствените можности. Без разлика дали сте рекреативка, активна спортистка или едноставно сакате да бидете дел од едно прекрасно женско дружење, ова е настан што не треба да се пропушти.
На осветлените битолски улици, во атмосфера исполнета со музика, поддршка и позитивни емоции, учесничките повторно ќе покажат дека најважната победа е онаа над сопствените граници.
Пријавувањето е отворено уште само 6 дена а регистрација на www.trki.mk
Обезбедете го вашето место и станете дел од вечерта во која Битола ќе блесне во знакот на женската енергија.
Биди храбра. Биди силна. Биди своја. 💜🏃♀️✨




