Тимот на РК Бутел Скопје се раздели со двајца ракометари во пресрет на пролетниот дел од сезоната. Станува збор за десните бекови Сергеј Сулима и Ратко Димовски. Искусниот Димовски реши да ја заврши долгата кариера.
Додека со украинскиот интернационалец спогодбено е раскинат договорот што траеше до крајот на сезоната. Во текот на следните денови ќе бидат објавени новите засилувања пред стартот на подготовките за плеј-офот.
Извор и фото: RK Butel Skopje