Ренова ја прекина соработката со свои пет фудбалери и тоа се работи за: Ваљон Незири, Артан Велију, Аременд Алиу, Алтин Сефо и Сулејман Кулибали, а денеска го потврди новото засилуавње и тоа од Словенија, а се работи за Марко Гајиќ.
Гајиќ е довчерашен член на словенскиот второлигаш Триглав, игра во средината на теренот и може да одговори на многи офанзивни задачи. Со овој трансфер Ренова веќе го потврди своето трето засилување, а претходно во клубот пристапија Алренд Алити и колумбиецот Џон Еду Мена Перез.
„Гипсарите“ до 22 јануари ќе се подготвуваат во домашни услови, а потоа екипата ќе замине на подготовки во Охрид каде што ќе остане до 3 февруари и ќе одигра неколку контролни средби.
Фото: K.F Renova



