Детроит Пистонс ја запишаа својата втора победа синоќа, откако ги совладаа Феникс Санс после продолжение со 110-105.
Во регуларниот дел, Феникс го држеше резултатот под контрола во поголемиот дел од играта, така што, во еден момент, предноста изнесуваше и +23.
Сепак, домаќините успеаја да се вратат и да го однесат мечот во дополнителен период ремизирајќи со 93-93.
Најпрецизен играч на мечот беше Џерами Грант од Детроит со дабл-дабл од 31 поен и од 10 скокови. Кај Санс, најефикасен беше Девин Букер со 23 поени.
За Пистонс (2-7), новиот триумф немаше огромно значење бидејќи ме им помогна да го напуштат дното на Истокот, додека Феникс (6-3) е втор на Западот, веднаш зад ЛА Лејкерс.
📸 Leon Halip/Getty Images