Четириесет и двегодишниот Буфон, кој неодамна го продолжи договорот со Јувентус и за следната сезона, се најде стартер меѓу статитивите во големото градско дерби против Торино каде што убедливо го совладаа својот лут ривал.
Сепак ова не беше само обичен натпревар, затоа што Џанлуиџи Буфон успеа да запише 648 меча во Серија А и со тоа да го надмине рекордот кој го имаше Паоло Малдини со 647 натпревари во првенството.