Арсенал рутински го совлада Вулверхемптон со 0:2 каде што ,,Топчиите” со дебитанскиот гол на Бакајоко Сака во 43 минута го отвори резултатот и стана вториот најмлад стрелец во историјата за Арсенал со свои 18 години и 303 дена.
Пред него е само Алекс Окслејд Чембрлејн со 18 години и 173 дена. Листата на најмлади стрелци уште ја пополнуваат: Џек Вилшир, Тео Волкот и Реј Парлоу.
