
Во шестото коло од италијанската Серија Б, Бреша го совлада Беневенто со минимални 1-0.
За Бреша, ова беше прва меѓусебна победа на домашен терен после 2017 и воедно петти триумф во тековната сезона.
Имено, ,,Ластовичките” успеаја да слават во самиот финиш, откако мрежата на Алберто Палеари ја затресе Флавио Бјанки (90+3′).
22-годишниот Италијанец се покажа како одличен џокер од клупата со оглед на фактот дека на последните две средби одигра вкупно 35 минути и постигна два гола.
На табелата, Бреша остана на првото место, додека Беневенто се спушти на дванаесеттата позиција со натпревар повеќе во однос на конкурентите.