
Во првиот меч од седмото коло на турската Супер лига, Галатасарај славеше над Конјаспор со 2-1.
За Конјаспор, ова беше прв пораз во сезоната, а воедно и прв лигашки натпревар на кој прими погодок.
Домаќините од Истанбул поведоа уште во првата минута, кога прецизно биеше Серџио Оливеира (1′).
До крајот на полувремето, гостите успеаја да израмнат, благодарение на Ендри Чекичи (15′).
Сепак, момците од ,,Неф Стадиум” дојдоа до трите поени на осум минути пред крајот, откако сопствената мрежа ја затресе Франциско Калво (82′).
Гостинскиот состав го заврши овој натпревар со десетмина на теренот поради вториот жолт картон на Ибрахим Шехиќ во интервал од три минути (86′, 89′).
На табелата, Галатасарај изби на врвот, односно го презеде првото место од Конјаспор, кој се спушти на втората позиција.