Екипата на ФК Академија Пандев во рамките на Прва МФЛ ја продлабочи кризата на ФК Струга Трим Љум со триумфот среде Струмица со 1:0 со голот на Велиновски во 29 минута.
До крајот на натпреварот, домаќинот иако играше со играч помалку, заради исклучувањето на Манев, во целост ја имаше контролата врз играта и не дозволи противникот да се разигра и да го загрози голот на Јовановски.
Во следното коло кое на програмата е по репрезентативната пауза, Струга излез од кризата ќе брка на свој терен против Беласица, додека Академија Пандев гостува кај Македонија Ѓорче Петров.



