Машката кадетска репрезентација на Македонија и селекцијата на Полска денеска ќе играат во финалето на ЕХФ шампионатот во Скопје.
Натпреварот меѓу Македонија и Полска се игра вечерва во СЦ “Борис Трајковски” од 18:00 часот. Селекторот Кирил Лазаров се одлучи за истиот состав што му донесе финале.




