Леонардо Бонучи искусниот стопер на Јувентус и репрезентативец на Италија проговори за најтешката одлука која ја донесе во кариерата и случката од 2017 година кога од редовите на Јувентус се одлучи да премине во лутиот ривал тимот на Милан и тој таму беше капитен една сезона.
Бонучи појасни дека тоа било тешка и лоша одлука, но тој период во Милан му помогнал да порасне како човек да размисли за одлуката и да му стане јасно дека негов единствен дом е Јувентус.
Бонучи проговори дека поминал убав период со Џенаро Гатузо и дека причина за преминот кај ,,Росоњерите” била кавгата и несогласувањата во соблекувалната од неуспехот во Лига шампиони.