Има невероватни животни случки и настани. Таква слична животна приказна има ганскиот 23-годишен фудбалер Ранди Хуан Мулер кој што кариерата ја продолжи во Индискиот шампионат во 2019 година, а кога се појави коронавирусот тој се одлучил да купи авионска карта и да замине за родната Гана.
Кога пристигнал на аеродромот во Мумбаи на закажаниот термин, владата на Индија донела одлука за прекинување на сите авио-летови. Поради неможноста да замине за Гана фудбалерот останал на аеродромот, а таму останал да живее 74 дена период во кој што дел од патниците го помогнале со храна, но и со книги кои му помогнале да не западне во депресија.
Вработен на аеродромот му дал мобилен телефон преку кој Мулер побарал помош на Твитер, а неговата објава ја прочитала министерка која што му помогнала да се сместри во хотел се додека се расчисти ситуацијата со коронавирусот и потоа да може да отпатува за Гана.



