Златко Далиќ во своето CV има сребрен медал од Светско првенство, а ова лето му завршува договорот со Хрватска. Далиќ доби понуда од Фенербахче да ја преземе клупата бидејќи имаше многу слаба сезона и им е потребен тренер од калибарот на Далиќ.
Сепак хрватскиот стручњак има желба да го продолжи договорот со ХНС и да остане на селекторската функција и на следните квалификации за СП, како и на Евро настапот на Хрватска, што е сосема очекувано за двете страни.
Кога е во прашање Фенербахче овој тим беше долго време поврзуван со тренерот на Динамо Загреб, Ненад Бјелица, но се чини дека тој интерес е веќе опаднат. Опцијата да го ангажираат селекторот на ,,Коцкестите” е уште помалку веројатна и турците ќе треба да бараат нови решенија за нивните проблеми.