Пред само два месеци, во рамките на петтото коло, Ричмонд Тигерс ги декласираа Ст. Килда Сеинтс со (7.6) 48-134 (20.14).
Двете екипи повторно се соочија и денес во петнаесеттата рунда, каде што се очекуваше сличен исход.
Сепак, Сеинтс ја презедоа контролата во свои раце и во потполност ги надиграа ,,Тигрите” со (2.10) 22-62 (9.8).
За Ричмонд, ова е шести најнеефикасен учинок во 136-годишната историја и воопшто најнеефикасен на ,,Мелбурн Крикет Граунд” после 1927. Исто така, Тигерс немаат постигнато помалку поени уште од 1961 година.
На полувремето, Ст. Килда водеше со 12-33, откако ги лимитираше своите ривали на само два постигнати поени после првите дваесет минути игра.
Единствените голови за Ричмонд ги постигнаа Дастин Мартин (1.1) во втората и Шејн Едвардс (1.0) во третата четвртина.
Од друга страна, по два погодоци од победничкиот состав забележаа Макс Кинг (2.1) и Даниел МекКензи (2.0).
На табелата и покрај поразот, Тигерс останаа на осмата позиција, додека Сеинтс се дванаесетти, но се приклучија во борбата за плејоф.