Во Струмица во рамките на 11 коло од Прва МФЛ на комплексот на Академија Пандев, истоимената екипа ја нагости Беласица, а до први три бода оваа сезона стигна тимот на Беласица.
Им беа потребни дури 11 првенствени натпревари за сините од Струмица да ја запишат првата победа. Натпреварот со водство го отвои Стоилов од пенал во 11 минута, додека Беласица преку голот на младиот Зоран Ивановски на полувреме замина со резултат од 1:1.
Во вториот дел се случи целосен пресврт и гостите со голот на Сулев во 66 минута го поразија градскиот ривал. Сепак двете екипи се наоѓаат на последната и претпоследната позиција на табелата и до крајот на шампионатот им следи грчевита битка за опстанок