Во рамките на 11 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар во Велес, домашната екипа на ЖФК Борец ја нагости гостинската екипа на ЖФК Ас Јунајтед од Струга и стружанки не погрешија и стигнаа до триумф над младата велешка екипа со резултат од 0:4.
Трите бода ги донесоа Илза Максути со постигнат хет-трик и еден гол за Веса Села за конечни 0:4. Со најновата победа ЖФК Ас Јунајтед се искачи на врвот на табелата и сега тие се лидери во шампионатот по 11 одиграни кола во првенството.



