Во рамките на 11 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар во Прилеп се одигра првенствен натпревар помеѓу домашната екипа ЖФК Деспина и ЖФК Љуботен од Тетово каде што рутинска победа од 12:0 стигна тимот на Деспина на полувреме беше 9:0.
Стрелците имаа успешен ден во кој што на дванаесет пати успешно стрелаа во противничката мрежа, а најзаслужни за триумфот беа Ангела Стојковска со пет постигнати гола, двојни стрелци беа Катерина Милеска и Анастасија Илиевска, а по еден гол постигнаа Драгана Костова, Јана Чубриновска и Сара Ефтинџиоска.



