
Сканторп Јунајтед се соочуваше со големи проблеми вон теренот во изминатите години, кои резултираа со експресен пад од третата до петтата лига.
Сепак и покрај промената на сопствеништвото, популарните ,,Ајрон” продолжија да тонат и се на прагот од уште една релегација.
Со поразот од Гејтсхед од 2-0 во четириесет и второто коло на Националната лига, Сканторп остана на претпоследната позиција со десет бода заостаток во однос на сигурната зона на четири натпревари пред крајот.
На мечот, домаќините дојдоа до двојно водство во првото полувреме со головите на Грег Оли (17′) и на Стивен Верн (33′) за скок на осумнаесеттото место.
Надежта на гостите целосно згасна во финишот на првиот дел, кога директен црвен картон заработи Том Пју (38′).