Петтото коло од новата сезона на англиската Лиг 1 го отворија екипите на Бартон Албион и на Челтенам.
Двата ривали се соочија по тринаесетти пат во историјата, односно првпат после 2015 година.
На солидно пополнетиот ,,Пирели Стадиум”, резултатот на семафорот после деведесет минути игра гласеше 1-1 што претставува само второ реми во меѓусебните пресметки.
Иако Бартон беше фаворит, а воедно и поквалитетен тим во првиот дел, до водство од 0-1 дојдоа гостите преку голот од дваесеттина метри на Калум Рајт (28′).
Во продолжение, ритамот на играта драстично опадна, а израмнувачкиот погодок за домаќините го постигна Лукас Ејкинс (67′).
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Челтенам скокна на шеснаесеттата позиција на табелата, додека Бартон е петти, но со ист број на поени како и првопласираниот Шефилд Венздеј.