Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува реваншот од четвртфиналето на СЕХА лига против Мешков Брест кој ќе се игра в недела во салата „Викторија“ со почеток во 16:00 часот.
Загубивме, но не со голема разлика за да се откажеме. Напорно работевме неделава, нема што да загубиме, треба да се бориме и да се надигруваме. Можеме да стигнеме до позитивен резултат. Мешков Брест е квалитететн тим. Сепак се четвртфиналисти на Лигата на шампионите. Имаат играчи од калибарот на Скубе, Кашпарек, Ваилипау. Имаат квалитетни индивидуалци, но не значи дека ние немаме доста квалитетни играчи и најважно ќе биде кој повеќе ќе сака да победи. – смета младиот голман Марко Кизиќ.



