
Лошата форма од завршницата на регуларната сезона, Џилонг Кетс ја понесоа и во првиот плејоф натпревар.
Имено, ,,Мачките” загубија со (12.14) 86-43 (5.13) од Порт Аделаид Пауер во првата фаза од доигрувањето на АФЛ, но поради несекојдневниот формат, ќе имаат шанса за поправка, додека победниците ќе одат директно во полуфиналето.
На мечот, домаќините од Аделаид ги добија сите четири четвртини, а разликата беше највпечатлива во втората, која заврши со 28-9.
Убедливо најефикасен фудбалер на теренот беше Орацио Фантејзиа (4.1), кој донесе вкупно 25 поени за победничкиот тим.
Освен него, по два погодоци за Пауер постигнаа уште Сем Пауел-Пепер (2.1) и Стивен Мотлоп (2.0).
На спротивната страна, единствен двоен стрелец беше Том Хокинс (2.1), а по еден гол дадоа Џереми Камерон (1.2), Зек Батерс (1.0) и Питер Ладамс (1.0).



