Барселона е првиот клуб во историјата на Лигата на шампионите со 50 изведени пенали. Сезонава, на сите досегашни четири меча судиите ги наградуваа каталонците со пенал. На претходните мечеви реализатор беше Лионел Меси, а Меси го немаше во Киев, па шутираше и погоди Мартин Брајтвајт.
На вечната листа на тимови со најмногу изведени пенали во елитното европско натпреварување, во Топ 5 се Барселона со 50, Реал Мадрид со 48, Баерн Минхен со 46, Манчестер Јунајтед со 33 и Арсенал со 30 изведени пенали.



