Чикаго Вајт Сокс синоќа ја зголемија губитничката низа на Детроит Тигерс на пет последователни порази, надигрувајќи ги со 2-0.
Двата поени на мечот паднаа во седмиот ининг, кога Јоан Монкада и Џош Херисон освоија по четири бази по ударот на Ендру Воган.
Освен поентерите, носител на играта на победничкиот тим беше стартниот фрлач, Мајкл Копеч, кој за шест ининзи не допушти ниеден удар и освои единаесет страјк-аути.
Во Американската лига, Вајт Сокс (57-56) го држат деветтото, а Тигерс (43-71) – претпоследното место.