
Во дербито на денот во КХЛ, Автомобилист Екатеринбург триумфираше над ЦСКА Москва со 4-2 и ја прекина низата од девет последователни порази.
Сепак и покрај негативната серија, Авто остана на лидерската позиција на Истокот, додека ЦСКА го зазема второто место во Западната конференција.
На мечот, после првата третина, резултатот гласеше 1-1, но во воведниот дел на третиот период, домаќините веќе имаа водство од 3-1.
На три минути пред крајот, претставниците на главниот град на Русија погодија за неизвесен финиш, кој беше решен во последните десет секунди на празна мрежа.
За ЦСКА, во ,,Уралец Арена”, денес стрелаа Никита Нестеров и Антон Слепишев.
Од друга страна, голгетери за Автомобилист беа Брукс Мајсек, Дмитри Жукенов, Сергеј Широков и Владимир Кузњецов.