Петтото натпреварување во женска конкуренција од новата сезона на Светскиот куп во санкање беше одржано во Алтенберг, Германија.
На него, до втората овосезонска победа дојде Австријката Маделен Егле (1:45,208), која водеше и после двете серии.
Втората позиција ја освои првопласираната во генералниот пласман, Јулија Таубитц (+0,293), пред двете свои сонароднички – Ана Берајтер (+0,585) и Натали Гајзенбергер (+0,761).
На одличното петто место се пласираше Американката Емили Свини (+0,833), а заостаток под една секунда имаа Летонките Елиза Тирума (+0,981) и Кендија Апарјоде (+0,984).
Пласманот во првите десет го комплетираа уште Андреа Фетер (+1,002), Дајана Ајтбергер (+1,075) и Самер Бричер (+1,112).