Петтиот овосезонски натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки се одвиваше во германскиот Конихзее.
На денешната програма беше петтата трка во две серии во женска индивидуална конкуренција, односно седма во сезоната, доколку се бројат и двата спринтови од Инсбрук и од Винтерберг.
До победата, после одличната прва серија, стигна домашната натпреварувачка, Јулија Таубитц (1:41,402).
Пласманот на наредните три санкачки остана непроменет во однос на првото санкање. Имено, втора и трета беа Натали Гајзенбергер (+0,310) и Маделен Егле (+0,368), а подиумот и’ побегна на Ана Берајтер (+0,678). Заостаток под една секунда имаа Дајана Ајтбергер (+0,835) и Викторија Демченко (+0,945).
📸 Getty images



