
Последниот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во ски скокови во женска конкуренција пред почетокот на Светското првенство се одржа во Рашнов, Романија.
На денешната прва трка, до триумф дојде Германката Катарина Алтхаус, која славеше по шести пат во сезоната.
На второто место се искачи лидерката во генералниот пласман, Ева Пинкелних, откако не успеа да ја одбрани предноста од првата серија.
Третата позиција и’ припадна на Еирин Марија Квандал од Норвешка што за неа претставува трет подиум во кариерата, односно прв после две години.
Наредните две позиции им припаднаа на Ана Одине Стром и на Ема Клинец, а Јуки Ито беше шестопласирана со напредок од пет места во однос на првиот дел.