Бирмингем и Брентфорд го одиграа вториот натпревар од новата сезона во англискиот Чемпионшип.
За Брентфорд, големо ослабување беше фактот дека не беа на располагање голманот Давид Раја и напаѓачот Саид Бенрама, кои најверојатно ќе завршат во други клубови до крајот на преодниот рок. Исто така, од минатосезонските играчи им фалеше и најдобриот стрелец, Оли Воткинс, кој премина во Астон Вила. Сепак, на негово место беше доведена ѕвездата на Питерборо, Ајван Тони, кој денес дебитираше за лондонскиот клуб.
Првото полувреме беше проследено со неколку добри шанси, а единствениот гол го постигна Жереми Бела во 37. минута.
Накрај, резултатот од 1-0 се покажа како конечен, а Бирмингем со три поени ја започна новата сезона.