Антонио Конте воопшто не е загрижен поради наводниот трансфер на Лоутаро Мартинез во Барселона за обештетување од 111 милиони евра. Директна замена за аргентинскиот напаѓач, Конте ја пронашол во канаѓанецот Џонатан Дејвид кој настапува за белгиски Гент, а претходно го носел дресот на Отава.
Италијанскиот стручњак смета дека канаѓанецот одлично би се вклопил во неговите концепции и план за игра за следната сезона. Откупната клаузула е 25 милиони евра, но поради кризата со вирусот може двата клуба да се договорат за сума од 15 милиони евра.