Поранешниот тренер на Манчестер Сити и Интер и актуелниот тренер на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, вчера преку ,,лајв видео” на официјалниот Инстаграм профил на весникот ,,Гаѕета дело спорт”, го даде својот став во врска со продолжувањето на фудбалската сезона.
,,Како тренер на репрезентацијата, би бил позадоволен доколку заврши шампионатот, бидејќи, во спротивно, би се насобрале многу натпревари. Исправно е да се почне, доколку е возможно… Играчите и народот имаат потреба од фудбалот… Морам да признаам дека се изморив од седењето дома. Почнува да станува неподносливо. Човек спобудалува затворен дома шеесет дена.”



