Легендарниот капитен на Интер Хавиер Занети на медиумите им откри голем број на анегдоти и пикантерии од нигерискиот дефанзивец Тарибо Вест. Аргентинецот им раскажал на новинарите дека за еден роденден на Вест биле повикани фудбалерите на Интер во неговиот дом, а тој цели три часа имал молитва и откако завршил им кажал дека забавата завршила. На ова Занети се потсетува дека сите фудбалери останале гладни и вчудоневидени.
Во друга ситуација Занети открива дека скоро еден месец не присиствувал на тренинзи Тарибо Вест и по подолго време откако се вратил на тренинг му пристапил на Занети и му кажал дека тој се оженил во Нигерија и дека во неговата држава кога човек ќе се ожени добивал еден месец одмор. Навистина овој играч во минатото ни приредуваше многу интересни ситуации кои се смешни и необични.