Голманот на ФК Работнички, Ристе Јанков, доби дополнителен повик од селекторот Игор Ангеловски да се приклучи во А-репрезентацијата на Македонија за натпреварите од Лига на нации против Естонија во Скопје и против Ерменија во Кипар (се игра на неутрален терен поради воената состојба во Ерменија). Младиот Јанков го заслужи овој повик со фантастичните одбрани за младата репрезентација и во иднина може да биде прв голман на националниот тим.