
Амур Хабаровск запиша три победи во низа, од кои, последните две ги оствари против Авангард Омск.
Во првиот дуел од денешната КХЛ програма, ,,Тигрите” ги совладаа ,,Јастребите” со резултат од 3-2.
Во втората третина, Иван Мирошниченко и Александер Дергачјов го матираа Јанис Калнинс во интервал од четири минути за двојно водство на гостите.
Сепак, домаќините приредија пресврт во третиот период, откако реализираа три од вкупните шест шутеви.
Во листата на стрелците за претставниците на Хабаровск се запишаа Јаков Рилов, Александер Шаров и Станислав Бочаров.
На табелата на Источната конференција, Амур го зазема осмото, а Авангард – четвртото место.