
Натпреварувачкиот викенд во Вилинген (Германија) од Светскиот куп во ски скокови беше отворен со второто, а воедно и последното овосезонско натпреварување во мешани тимови.
На него, убедлив триумф оствари Норвешка, која и после првата серија имаше голема предност.
На второто место заврши Австрија, додека пиедесталот го пополни и домаќинот – Германија.
Во продолжение, поредокот го комплетираа: Јапонија, Словенија, САД, Италија и Романија.
Состав:
Норвешка: Ана Одине Стром, Мариус Линдвик, Силје Опсет и Халвор Егнер Гранеруд
Австрија: Кјара Кројцер, Јан Херл, Ева Пинкелних и Штефан Крафт
Германија: Зелина Фрајтаг, Карл Гајгер, Катарина Алтхаус и Андреас Велингер