
Во првиот меч од денешната КХЛ програма, Амур Хабаровск го порази Адмирал Владивосток со 0-2 во дербито на крајниот Исток.
Херој за ,,Тигрите” беше голманот Јевгени Аликин, кој го запиша третиот овосезонски шут-аут со 37/37 одбранети шутеви.
Од неговите соиграчи, во листата на стрелците се запишаа Иван Николишин во втората и Сергеј Лапин во третата третина.
На табелата на Источната конференција, Адмирал остана на четвртото место, додека Амур влезе во плејоф-зоната на осмата позиција.