
Кливленд Индијанс ја запишаа само третата победа на последните девет средби, откако синоќа ги совладаа Ст. Луис Кардиналс со 7-2.
Кардиналс се држеа одлично на почетокот и водеа со 1-2 после два и пол ининзи.
Двоен поентер за гостите од Мисури беше Дилан Карлсон, кој прво забележа хоум-ран, а потоа освои четири бази.
На спротивната страна, Индијанс ги постигнаа сите поени во вториот, во третиот и во четвртиот период од мечот.
Двапати со хоум-ран поентираше Франмил Рејес, а по еднаш топката на трибините ја однесоа Цезар Хернандез и Хозе Рамирез.
Освен нив, со трчање во листата на поентерите се запишаа уште Ерни Клемент, Ју Чанг и Остин Хеџес.
Со новата победа, Кливленд (50-49) скокна на деветтото место во Американската лига, додека Ст. Луис (51-51) е осми во Националната лига.