Две екипи што се борат за плејоф, Чарлтон Атлетик и Акрингтон Стенли, го отворија 23. коло од англиската Лиг 1.
За нив, ова беше трет лигашки натпревар во поновата историја, а истиот заврши со 0-2 во корист на гостите од Акрингтон.
Стрелец на двата погодоци беше Колби Бишоп.
Првиот падна во 36. минута, откако Џејсон Пирс направи грешка во додавањето кон својот голман, додека вториот беше ремек-дело на Бишоп, по асистенцијата на Џоу Причард во 67. минута.
Со денешниот триумф, прв над Чарлтон во 21. век, Акрингтон изби на петтото место на табелата, потиснувајќи го денешниот ривал на седмата позиција, односно надвор од плејоф-зоната.
📸 James Chance/Getty Images



