Најретката дисциплина во Светскиот куп во фристајл скијање е популарната Биг Ер. Истата се одржува само двапати во сезоната на две различни локации.
Првото овогодишно издание се одржа денес во австрискиот ски-центар Крајшберг.
Во машка конкуренција, победник беше Норвежанецот Бирк Рууд со издание вредно 193,2 поени. Битката за второто место беше неизвесна, бидејќи дури четири скијачи се наоѓаа во два и пол поени. Најдобри од нив што завршија на подиумот беа Антоан Аделис (189,6) и Оливер Магнусон (189,2), а без пиедестал останаа Ким Губсер (188,2) и Андри Рагетли (187,8). Последниот финалист беше Чехот Матеј Сванцер (187,2).
Кај дамите, најуспешна беше Џулија Тано (173,4), којашто триумфираше по вторпат во кариерата. На подиумот се пласираа Тес Ледо (172,4) и Кели Силдару (160,6), а останатите финалистки беа Силвија Бертања, Матилд Гремо и Јохане Кили.
📸 FIS Freestyle