Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах го направија најголемото изненадување во досегашниот дел од сезоната во Бундеслигата, а можеби и во последните години, откако на домашен терен го совладаа актуелниот првак и европски шампион, Баерн Минхен (3-2), за кој ретко кој памети кога последен пат пропуштил ваква позитива во домашното првенство.

Но, така не мислеа фудбалерите на Борусија, кои брзо се опоравија од шокот и со двата погодоци на Јонас Хофман во 36. и во 45. минута на одмор заминаа помалку неочекувано со егал ситуација. Домаќинот во ист стил го почна и второто полувреме и веќе во 49. минута направија целосен пресврт со голот на Флориан Нојхаус, додека јунакот на вечерта Хофман овој пат беше асистент. Никлас Шуле во 92. минута имаше одлична можност за изедначување, но неговиот шут со глава беше навремено блокиран.
Баерн останува првопласиран на табелата во Бундеслигата со 33 бодови, но му отвори можност на Лајпциг да избие на врвот со евентуален триумф на утрешното дерби против Борусија Дортмунд. Составот од Менхенгладбах, пак, се искачи на седмата позиција со 24 бодови, колку што имаат и подобро пласираните Волфсбург и Унион Берлин, кои своите мечеви од 15. коло допрва ќе треба да ги одиграат.