Во првиот натпревар од 15 коло во Првата македонска лига, како гостин Академија Пандев со резултат 1:2 славеше кај Ренова.
Интернационалецот од Гамбија, Оусман Маронг, во 42 минута од средбата и Мартин Мирчевски најдобриот стрелец во шампионатот со 16 голови кој погоди во 77. минута беа стрелците за гостинот. Ренова во самиот финиш од средбата (90+3`) го ублажи поразот преку Ремзи Селмани.